Закон за детективска дејност


                                                                         I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
                                                                                     Член 1
Co овој закон се уредуваат условите и начинот на вршење на детективската дејност.
                                                                                     Член 2
Под детективска дејност во смисла на овој закон се подразбира собирање на податоци и информации, нивна обработка, како и посредување со нив на начин утврден со овој закон.
                                                                                      Член 3
Детективската дејност се врши под условите утврдени со овој закон, а во согласност со Законот за трговските друштва. II. УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕТЕКТИВСКАТА ДЕЈНОСТ
                                                                                      Член 4
Детективската дејност може да ја врши само детектив со лиценца за вршење на детективска дејност (во натамошниот текст: лиценцата). Лиценцата ја издава Министерството за внатрешни работи на лице кое поднело барање за издавање лиценца за вршење детективска дејност (во натамошниот текст: кандидат) и кое покрај општите услови за засновање на работен однос определени со закон ги исполнува и следниве услови:
1) да е државјанин на Република Македонија;
2) да има живеалиште во Република Македонија;
3) да не му е изречена казна, односно прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност додека трае таа казна, односно прекршочна санкција;
4) да има завршено високо образование;
5) да ужива углед за вршење на детективска дејност, односно со својот досегашен начин на живот, однесување и работа да гарантира дека совесно и чесно ќе ја врши детективската дејност;
6) во последните две години пред да добие лиценца за работа да не извршувал работи и задачи во областа на безбедноста и одбраната во opганите на државната управа како: овластено службено лице или на посебни работни места согласно со прописите од областа на внатрешните работи, работни места на определени должности согласно со прописите од областа на разузнавањето или работните места од член 123 од Законот за одбрана и
7) да има положено стручен испит за вршење на детективска дејност (во натамошниот текст: стручен испит). Одредбата на став 2 точка 7) на овој член не се однесува на лица кои најмалку три години вршеле работи и задачи од став 2 точка 6) на овој член.
Образецот на барањето за издавање на лиценца и образецот на лиценцата ги пропишува министерот за внатрешни работи.
                                                                                Член 4-а
Лиценцата од членот 4 на овој закон Министерството за внатрешни работи ја издава во рок од 60 дена од денот на приемот на барањето со потребната документација за издавање на лиценцата. Доколку Министерството за внатрешни работи не ја издаде лиценцата, односно не донесе решение за одбивање на барањето за издавање на лиценцата во рокот од ставот 1 на овој член, подносителот на барањето има 4 право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за внатрешни работи заради донесување на решение од страна на министерот за внатрешни работи. Формата и содржината на образецот на барањето од ставот 2 на овој член ги пропишува пропишува министерот за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесување на барањето од ставот 2 на овој член до писарницата на министерот за внатрешни работи да донесе решение со кое барањето за издавање на лиценцата е уважено или одбиено. Доколку министерот за внатрешни работи нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министертвото за внатрешни работи. Кон барањето за донесување решение од ставот 2 на овој член подносителот на барањето доставува и копија од барањето за издавање на лиценцата од ставот 1 на овој член. Доколку министерот за внатрешни работи не донесе решение во рокот од ставот 4 на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. Инспекторот е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот 6 на овој член да изврши инспекциски надзор во Министерството за внатрешни работи и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. Инспекторот по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за внатрешни работи во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторoт и да му достави примерок од актот со кој е одлучено по барањето. Доколку министерот за внатрешни работи не одлучи во рокот од ставот 8 на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за внатрешни работи ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок 5 од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. Доколку министерот за внатрешни работи не одлучи и во дополнителниот рок од ставот 9 на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените мерки. Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 7 на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот 11 на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот 6 на овој член или не поднел пријава согласно со ставот 10 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот, и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за внатрешни работи дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот 12 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот, и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. Во случајот од ставот 13 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат, веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. Во случајот од ставот 14 на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки. 6 Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот 12 на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. Доколку министерот за внатрешни работи не одлучи во рокот од ставот 10 на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. Постапката пред Управниот суд е итна. По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот 3 на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.
                                                                                   Член 5
Стручниот испит го организира и спроведува испитна комисија на Министерството за внатрешни работи составена од претседател, двајца членови и нивни заменици, од кои еден член и неговиот заменик се информатичари (во натамошниот текст: испитна комисија). Трошоците за полагање на стручниот испит се на товар на кандидатот.
                                                                                   Член 5-а
Стручниот испит се спроведува во два дела, и тоа:  прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и  втор дел (студија на случај), со кој се проверува способноста за примена на законите во практиката. Првиот дел од стручниот испитот се полага писмено по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.
Првиот и вториот дел од стручниот испит се полага по стручни предмети од следниве области: I. Статусни права на граѓаните; II. Јавен ред; III. Казнено право; 7 IV. Заштита на лица и имот; V. Криминалистика и VI. Криминологија и психологија. Вториот дел на испитот се состои од изработка на писмен предмет, односно решавање на случај од праксата (студија на случај) со примена на прописите по стручните предмети од областите од ставот 3 на овој член. Член 5-б Стручниот испит се полага според програма за полагање на стручен испит во која се содржани областите, прописите, предметите и правната литература. Програмата и начинот на полагање на стручниот испит ги пропишува министерот за внатрешни работи.
                                                                                   Член 5-в
Базите на прашања за првиот и базите на студии на случај за вториот дел на стручниот испит ги изготвува комисија формирана од министерот за внатрешни работи. Комисијата од ставот 1 на овој член е составена од претседател, двајца членови и нивни заменици. Прашањата од првиот дел од испитот и студиите на случај од вториот дел од стручниот испит ги верификува испитната комисија. Испитната комисија врши и ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на студии на случај најмалку еднаш годишно. При ревизијата испитната комисија особено ги има предвид измените на правните прописи на кои е засновано прашањето, односно случајот, бројот на кандидати кои го одговарале, успешноста во одговарањето на истите, како и други критериуми кои можат да влијаат врз подобрувањето на квалитетот на базите. Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на студии на случај, испитната комисија одлучува прашањата и студиите на случај да бидат изменети или целосно отстранети од базите. 8
                                                                                      Член 5-г
Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. Полагањето на стручниот испит се снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за внатрешни работи. Во просторијата за полагање на стручниот испит, за време на полагање на испитот се присутни членовите на испитната комисија. Критериумите во однос на просторните услови и материјално- техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на стручниот испит ги пропишува министерот за внатрешни работи. Член 5-д Пред почетокот на полагањето на стручниот испит, испитната комисија го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта. На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од стручниот испит не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од стручниот испит не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со информатичарот од испитната комисија, во случај доколку има технички проблем со компјутерот. Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од стручниот испит постапува спротивно од ставовите 2, 3 и 4 на овој член нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот, при што се смета дека кандидатот не го положил стручниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на стручниот испит, кој го составува испитната комисија.
                                                                                  Член 5-ѓ
Стручниот испит започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел) во еден ден, а потоа се полага вториот дел (студија на случај). 9 Вториот дел се полага во рок од најмалку осум дена по успешно 10 студија на случај). Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на правосудниот испит и нивните одговори, како и студиите на случај и нивните одговори се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит, кој го воспоставува и одржува Министерството за внатрешни работи. Електронскиот систем од ставот 4 на овој член содржи и достапна база од најмалку 300 прашања од областа на предметите од областите наведени во членот 5-а став 3 од овој закон за потребите на првиот дел од стручниот испит, како и достапна база од најмалку 200 студии на случај за потребите на вториот дел од испитот. Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и правната литература во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од стручниот испитот и прописите за вториот дел од испитот. Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел од стручниот испит му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување. Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на стручниот испит изнесува 30 минути за секоја од областите наведени во членот 5-а став 3 од овој закон.
                                                                                   Член 5-ѕ
Првиот и вториот дел од стручниот испит содржат упатство за начинот на решавање на истиот, за кое претставник од испитната комисија дава појаснување пред да започне полагањето на испитот. Електронскиот систем за полагање на стручниот испит не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронска студија на случај за вториот дел од испитот за повеќе од еден кандидат. Член 5-и Тестовите и студиите на случај се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на стручниот испит. Материјалите и снимките од одржаните испити се чуваат во Министерството за внатрешни работи. 11 Министерот за внатрешни работи формира Комисија за ревизија на одржани стручни испити (во натамошниот текст: Комисијата за ревизија) која е составена од претседател, двајца членови и нивни заменици од кои еден член и неговиот заменик се информатичари. Комисијата за ревизија во својата работа ги користи материјалите и снимките од ставот 2 на овој член. Комисијата за ревизија има различен состав од испитната комисија. Комисијата за ревизија се состанува најмалку еднаш годишно и врши ревизија на начинот на спроведување на најмалку две полагања на стручниот испит одржани во тековната година.
                                                                                     Член 6
Министерот за внатрешни работи донесува решение за одбивање на барање за издавање на лиценца во случај кога кандидатот не ги исполнува условите од членот 4 на овој закон. Против решението од ставот 1 на овој член кандидатот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
                                                                                     Член 7
Co денот на уписот во трговскиот регистар, детективот поднесува барање до Министерството за внатрешни работи за издавање на легитимација за вршење на детективска дејност (во натамошниот текст: легитимација). Со барањето од ставот 1 на овој член детективот доставува доказ за осигурување од одговорност за штета спрема нарачувачот на детективската услуга (во натамошниот текст: странката) или трето лице, која може да ја причини при вршење на детективската дејност. Најнискиот износ на осигурување се определува во висина од петгодишна просечна плата во Република Македонија пресметана според податоците од Заводот за статистика. Детективот е должен уредно да го продолжува осигурувањето од ставот 2 на овој член. 12 Министерот за внатрешни работи најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето ќе му издаде легитимација на детективот. Министерот за внатрешни работи ќе го пропише образецот на барањето за издавање на легитимација и образецот и начинот на издавањето на легитимацијата.
                                                                                      Член 8 (Се брише)
                                                                                      Член 9
На детективот ќе му се одземе лиценцата со решение донесено од министерот за внатрешни работи ако:  повеќе не ги исполнува условите определени со овој закон и  не ги отстранил недостатоците во рокот утврден со решението од член 25 на овој закон.
                                                                                      Член 10
Против решението за одземање на лиценцата детективот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. По донесување на конечното решение за одземање на лиценцата, детективот е должен во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението, лиценцата и легитимацијата да ги врати во Министерството за внатрешни работи, заради нивно поништување. Во случај кога детективот нема да постапи согласно со ставот 2 на овој член, Министерството за внатрешни работи ги огласува лиценцата и легитимацијата за неважечки во „Службен весник на Република Македонија”. Детективот на кој му е одземена лиценцата не може да побара издавање на лиценца пред истекот на две години од конечноста на решението со кое му е одземена лиценцата. 13 Ш. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ HA ДЕТЕКТИВОТ
                                                                                     Член 11
Детективските услуги се вршат само врз основа на договор склучен во писмена форма меѓу детективот и странката и посебно писмено овластување од странката заверено кај нотар.
                                                                                     Член 12
Детективот може да собира податоци и информации:
за обезбедување на доказни материјали во врска со кривични дела или сторители на кривични дела;
за лица кои се исчезнати или сокриени,
за пишувачи на анонимни писма или за причинители на материјална штета; 
за откривање на идентититет на лице и негово живеалиште, односно престојувалиште;
за украдени или изгубени предмети;
за докази кои се во врска со заштита или утврдување на вистинитоста во постапка пред суд, друг државен орган, институција што врши јавни овластувања или правно лице кое одлучува за одделни права на странката;  за односот на работниците спрема заштитата на деловната тајна и  за успешноста и деловноста на правни лица.
                                                                                  Член 13
Детективот е должен да пријави кривично дело за кое се гони по службена должност, доколку во текот на работата дојде до сознание за такво дело.
                                                                                  Член 14
Детективот не смее да собира податоци за личниот и семејниот живот, здравствената состојба или верските уверувања на лица, освен ако е тоа основа за развод на брак или се однесува на член на семејството на странката. Детективот не смее да собира податоци за политичко уверување и дејствување на лица. 14 Детективот не смее да склучува договори за работи од надлежност на државните органи. Детективот не смее да склучува договори со домашни или странски државни органи или политички партии.
                                                                                   Член 15
Податоците и информациите од член 12 на овој закон, детективот може да ги прибавува од лицето на кое тие податоци се однесуваат, од друго лице ако истото се согласи да даде податоци и информации и од овластени лица на државни органи, институции и правни лица. Овластените лица на државни органи, институции и правни лица се должни на детективот да му ги дадат бараните податоци од евиденциите кои се достапни за јавноста, а во врска со податоците и информациите од член 12 на овој закон. Детективот има право и на увид во судски, управни и други списи ако тоа, право и припаѓа на странката со која склучил договор. При вршење на увид во списите од став 2 на овој член, детективот е должен да го покаже и писменото овластување од странката.
                                                                                  Член 16
При вршење на детективската дејност детективот е должен да носи легитимација. Детективот е должен да ја покаже легитимацијата кога се повикува на овластувањата од овој закон или кога тоа го бара субјектот кој врши надзор над неговата работа.
                                                                                  Член 17
При вршење на детективската дејност, детективот не смее да употребува оружје или други средства на присилност, ниту да користи методи и средства кои со закон се забранети или за чија примена се овластени само надлежните државни органи.
                                                                                 Член 18
Детективот не смее да извршува работи сврзани со наплата на долг меѓу доверители и должници.
                                                                                 Член 19
Податоците, информациите и сознанијата до кои детективот дошол при 15 вршењето на детективската дејност, може да ги користи само согласно со склучениот договор. Детективот не смее врз основа на собраните информации и податоци при вршето на детективската дејност за која има склучено договор со странката, да презема дејствија спротивни на интересите на странката како за време на вршење на договорената детективска услуга, така и по нејзиното извршување.
                                                                                 Член 20
За извршената работа детективот изготвува писмен извештај. Писмениот извештај од став 1 на овој член детективот е должен да го предаде на странката со сите собрани податоци кои се однесуваат на договорената работа, а останатите податоци кои не се од значење должен е да ги уништи во рок од осум дена од денот на исполнувањето на договорот.
                                                                                Член 21
Co добиените податоци и информации при вршењето на дејноста, детективот располага во согласност со прописите за заштита на личните податоци и со прописите за класифицираните податоци. IV. ЕВИДЕНЦИЈА                                                                                       Член 22
за внатрешни работи води евиденција на детективите на кои им е издадена лиценца. Евиденцијата од став 1 на овој член ги содржи следниве податоци:  лично име на детективот;  фотографија;  датум и место на раѓање;  единствен матичен број;  живеалиште и адреса на станот;  стручна подготовка; 16  претходно вработување;  датум на полагање на стручниот испит и,  број на издадената, односно поништена лиценца и легитимација.
                                                                                Член 23
Прибирањето, чувањето и користењето на податоците во евиденцијата се врши согласно со прописите за заштита на личните податоци и со прописите за класифицираните податоци.
                                                                                Член 24
Детективот е должен да води евидентен регистар на склучените договори за детективски услуги. По барање на Министерството за внатрешни работи, детективот е должен во рок од пет дена да го достави на увид регистарот од став 1 на овој член. Министерот за внатрешни работи ќе ја пропише содржината и начинот на водење на евидентниот регистар. V. НАДЗОР
                                                                               Член 25
Надзор над спроведувањето на овој закон врши Министерството за внатрешни работи. Детективот е должен да го овозможи вршењето на надзорот, да ја стави на располагање соодветната документација и да ги даде потребните податоци и известувања, освен за содржината на склучените договори и прилозите кон нив. Ако при вршењето на надзорот се утврди дека детективот не се придржува кон одредбите на овој закон, Министерството за внатрешни работи му издава решение за отстранување на недостатоците во определен рок кој не може да биде подолг од три месеци. 17 VI. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
                                                                              Член 26
Глоба во износ од 510 до 990 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на детектив, ако: 1) врши детективска дејност без лиценца (член 4 став 1); 2) врши детективска дејност без писмен договор и без посебно писмено овластување од странката (член 11); 3) собира податоци и информации спротивно на член 12 на овој закон; 4) не пријави кривично дело за кое се гони по службена должност (член 13); 5) склучи договор за работи од надлежност на државните органи (член 14 став 3); 6) склучи договор со домашни или странски државни органи или политички партии (член 14 став 4); 7) при вршење на детективската дејност употреби оружје, други средства на присилност, или користи методи и средства кои со закон не се дозволени или за чија примена се овластени само надлежни државни органи (член 17) и 8) изврши работи сврзани со наплата на долг меѓу доверители и должници (член 18). За прекршоците од став 1 на овој член на детективот му се изрекува прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност. Член 27 Глоба во износ од 50 до 490 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на детектив, ако: 1) не се осигури од одговорност или уредно не го продолжи осигурувањето (член 7); 2) прибави податоци и информации спротивно на член 15 став 1 на овој закон; 3) при вршење на увид во списите од член 15 став 2 на овој закон не го 18 покаже и писменото овластување од странката (член 15 став 3); 4) при вршење на детективските работи не носи легитимација (член 16 став 1); 5) не ја покаже легитимацијата кога се повикува на овластувањата од овој закон или кога тоа го бара субјектот кој врши надзор над неговата работа (член 16 став 2); 6) постапи спротивно на член 19 од овој закон; 7) не го предаде писмениот извештај и собраните податоци на странката или не ги поништи податоците кои не се од значење во определениот рок (член 20); 8) постапи спротивно на член 21 на овој закон; 9) не води евидентен регистар на склучените договори за детективските услуги (член 24 став 1); 10) евидентниот регистар не го достави на увид на Министерството за внатрешни работи (член 24 став 2) и 11) постапи спротивно на член 25 на овoj закон. Член 27-а За прекршоците предвидени со одредбите од член 27 на овој закон прекршочната постапка ја води комисија на Министерството за внатрешни работи. Комисијата од ставот 1 на овој член е составена од два члена и претседател на комисијата. Членовите на комисијата имаат завршено високо образование и работно искуство од најмалку четири години на предметната материја, а претседателот на комисијата е дипломиран правник со положен правосуден испит и работно искуство од најмалку шест години на предметната материја. 19 VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 28 Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во pок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 29 Постојните детективи се должни својата работа да ја усогласат со одредбите на овој закон во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 30 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во ,,,Службен весник на Република Македонија“. Одредба од Законот за изменување и дополнување на Законот за детективската дејност („Службен весник на Република Македонија” бр. 66/07) Член 14 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Одредба од Законот за дополнување на Законот за детективската дејност („Службен весник на Република Македонија” бр. 86/08) Член 2 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за детективската дејност („Службен весник на Република Македонија” бр. 51/11) Член 3 Подзаконскиот акт од членот 4-а став 3 на овој закон ќе се донесе во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. 20 Член 4 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува по три месеци од влегувањето во сила на овој закон, освен одредбата од членот 2 на овој закон која ќе започне да се применува со започнување на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за детективската дејност („Службен весник на Република Македонија” бр. 164/13) Член 4 Подзаконските прописи предвидени во членовите 1, член 5-б став 2 и 5-г став 2 од овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 5 Започнатите постапки за полагање на стручниот испит до денот на отпочнувањето на примената на овој закон ќе завршат според одредбите на прописите по кои започнале. Член 6 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува по една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.