Историски развој на детективската дејност

  • Развојот на приватната детективска дејност има долг еволутивен процес. Настанувањето на оваа професија се врзува за Англија,каде кон крајот на 17век се забележани првите облици на приватната истражна дејност,со донесување на Законот за друмски разбојници во 1692 година,предвидена е можност за распишување на парична награда за гонење на криминалци,кога и се појавиле ловци на криминалци за парична награда.

  • Основач на првата детективска агенција во Европа која нудела детективски услуги е Ежен Видок (1775-1857) формирана во 1833 година, Фирма за економско информирање.Полицијата многу пати се обидела да ја затвори детективската агенција ,а во 1842 Видок бил и уапсен поради тоа што решил случај на проневера на пари,но набргу е ослободен откако се жалел пред Врховниот суд дека е наместен.И покрај сите контроверзии и афери во врска со работата, Франсоа Видок има голеама заслуга за развојот како на  детективската дејност така и на криминалистиката.Како приватен детектив за прв пат е воведена балистиката како  нов метод во криминалистичката истрага.Неговата метода антропометрија ја користела и Француската полиција.Видок се смета за почетник на детективската дејност која има голема примена во многу случаеви во која полицијата не можела да го реши случајот или не е била доволно обучена.

  • Најпознат приватен детектив во сите времиња е Алан Пинкертон,Американец со шкотско потекло кој во 1850 година заедно со својот ортак адвокатот од Чикаго Едвар Рикер ја формира "Пинкертонова национална детективска агенција".Детективската агенција нудела најразновидни детективски услуги од прекриени истраги расветлување на најтешки кривични дела до физичко обезбедување.Прва озбилна работа на приватните детективи на Пинкертонова детективска агенција е заштита на железничката линија која во тоа време ги поврзувала сојузните држави Мисисипи и Тенеси Со ширењето на американската територија дошло е до развој и на желизничкиот собраќај но и мета на бројни разбојнички напади.Приватните детективи  на Пинкертонова детективска  агенција на ефикасен начин решиле многу кражби на возови со што се стекнале со репутација.Детективите на Пинкертоновата детективска агенција има посебен допринос во спречување и расветлување на кражби откривање на инфлитрирани шпиони во структура на Унијата.Неговите детективи осуетиле завера и обид за  атентат на преседателот на САД Абрахам Линколн,со што од државата добила одредени активности во врска со работата вклучувајќи и контрашпионажа.Пинкертонова детективска агенција за време на воените судири помеѓи Северот и Југот дала посебен придонес во спречување на кражби во позадината на воените операци ,откривање на инфлитрирани шпиони во структурата на Унијата ,прибирање на воени податоци инфлитрирање во единицата на Конфедерацијата,во тоа време Алан Пинкертон бил на чело и на тајната служба  на Унијата.Алан Пинкертон е познат во воведувањето на неколку истржни техники во оперативното работење кој и денес се користат во криминалистичката полиција и тоа следење и набљудување на осомничен и прикриен истражител,тие техники посебно биле применувани при следење на вработени и откривање на кражби од компаниите.Успехот на Приватните детективи на Пинкертонова детективска агенција посебно бил запамтен во откривање на злоупотреба од страна на кондукторите на железничкиот транспорт кога во текот на истрагата е утврдено дека 40% до 60% од приходот губат од продажба на карти поради кражба од страна на вработените.После сето тоа голем број на работодавци ангажирале детективи во прибирање на информации за вработените и нивното мислење за манаџментот и сопствениците на компаниите.Примена на мерката прикриен истражител Пинкертонова детективска агенција ја има применето во расветлување на најпознатата афера Molly Maguires.Во тоа време на подрачјето на Пенсилванија се случиле масовно незадоволство на вработените во железничкиот транспорт и рударските компании,тогашниот преседател на компанијата "Филаделфија" побарал услуга од Пинкертонова детективска агенција.Во текот на истрагата утврдено е дека штрајкувачите ги сочинувале ирски емигранти, во тој случај под прекриен идентитет инфлитриран е детектив Дџејмс Макпарлан кој е бил од ирско потекло,за што во период од три години успеал да стекне доверба и да се внедри во самиот врв на организацијата,тоа му овозможило да ги разоткрие активностите на раковоството кој потоа биле лишени од слобода и казнети.Успехот во откривањето на аферата Molly Maguires се потврдило оправданото ангажирање на прикриен истражител во криминалните случаи,имајки во обзир да тој случај успешно е решен исклучиво на ангажирањето на приватните детективи при што државата има обезбедено само услови за судење и донесување на пресуда.И по смрта на Алан Пинкертон во 1884 година продолжила да нуди детективски услуги.Алан Пинкертон работеше на создавање на единствен систем кој ќе ги централизира сите информации кој ке се користат за идентификација и евиденција на криминалци-база на податоци,кој сега ги поседува ФБИ.Алан Пинкертон останува синоним на приватен детектив децении наназад Пинкертонова детективска агенција работи и денес и нуди детективски услуги,а од 2003 година работи како  филијала на компанијтата Securitas AB.

  • По Првата светска војна детективската дејност во САД доживува вистинска експанзија,бидејќи во овој период се случува еконмоски бум и создавање средна класа која најчесто ги користи услугите на приватните детективи..Оттогаш ангажирањето на приватни детективи веќе не е привилегија само на богатите ,туку нивни клиенти се широк слој на граѓани.

  • Детективската дејност во посткумунистичките држави во транзиција,речиси до почетокот на овој век беше непозната,дури во средината на 90-тите години од минатиот век,значи по повеќе од 150 години од појавата на првите приватни детективски агенции во светот,во националните класификации на дејности во некои посткомунистички држави(Русија,Унгарија,Словачка и др),приватниот детектив се призна како рамноправна професија со сите останати дејности.Од просторите на поранешна Југославија,првото посебно законско регулирање на приватната детективска дејнсот беше во Словенија,( 1994год ) каде денес е најразвиена.Подоцна посебни закони беа донесени во Македонија( 1999год ),Црна Гора ( 2005год ),Хрватска (2009 год) и Србија во ( 2011 год )

  • Приватната детективска дејност во Македонија не беше позната и не се практикуваше до средината на 90-те години од минатиот век,кога пред донсување на Законот за детективска дејност се формира првата детективска агенција "Топ Поинт".                                                              
    Со донесување на Законот за детективска дејност во 1999 година и подзаконските акти во 2011 година кога беа издадени и првите лиценци, се уредени условите и начинот на вршење на детективската дејност во Македонија.