Детективската агенција „ДЕА ДЕТЕКТИВ“ е лиценцирана легална детективска агенција, регистрирана во Македонија. Работата на детективската агенција е во согласност со Законот за детективска дејност (Службен весник нa Македонија бр 80/99) со лиценца број 10.2-68095-13 издадена од МВР на Македонија. Сопственикот на оваа агенција има долгогодишно искуство во оваа област.За некои области има соодветни дипломи и сертификати како и меѓународни признанија.
Нашите детективи се овластени за извршување на потребните проверки,собирање и обработка на податоци и информации како и податоци добиени од евиденција на државните органи и институции кои вршат јавни овластувања согласно Законот за детективска дејнсот и подзаконските акти и прописи согласно овој закон
Работата на детективската агенција е на највисоко професионално ниво,сите приватни детективи имаат поминато специјализирани интерни обуки,пред се во областа на детективската дејност,приватната безбедност и криминалистиката,така што се квалификувани да им обезбедат на нашите клиенти целосни професионални услуги,почитувајќи ги високите етички и морални норми.Како детективска агенција ДЕА ДЕТЕКТИВ ги спроведува сите професионални стандарди,правила и регулативи и постојано го интензивираме професионалниот развој и ги поместуваме границите на соработка.
Ние обезбедуваме професионални и дискретни детективски услуги на физички и правни лица како и на корпоративни-деловни субјекти. Ние сме агенција посветена на откривање на вистината. Можеме да откриеме факти и да обезбедиме докази што Ви овозможува да донесете правилна одлука. Детективската агенција „ДЕА ДЕТЕКТИВ“ е оспособена за давање на детективски услуги на територијата на Македонија но и во странство. Детективската агенција ДЕА ДЕТЕКТИВ има многу успешна соработка со приватни детективи од соседните земји, како и со приватни детективи од државите од ЕУ и од држави од други континенти.
За реализација на задачите Детективска агенција „ДЕА ДЕТЕКТИВ“ ги користи услугите на голем број експерти од различни области. Ние го третираме вашиот повик со целосна дискреција, разбирање и професионализам , со цел комплексно да Ви помогнеме анализирајќи ја вашата потреба, за да се најде најдобро решение со една единствена цел обезбедување на потребните информации за успешно реализирана задача со задоволни клиенти.Достоинството и тајноста на податоците, како и податоците за клиентите се целосно заштитени, давајќи му на клиентот целосна сигурност, без разлика дали станува збор за физичко или правно лице.
Како професионална агенција за истраги, Детективската агенција "ДЕА ДЕТЕКТИВ", има целосен спектар на услуги од:
- Дискретно набљудување на лица и објекти;
- Проверка на лица,фирми-соработници,деловни партнери,конкуренција;
- Истражување на осигурителни измами;
- Oткривање на идентитет на лица и адреси на живеење;
- Истрага во утврдување на вистинитоста (неверство,наркоманија, малолетничка делинквенција, секти, семејно насилство и др);
- Проверка на биографија на лице;
- Проверка на успешна деловност на правни лица,па се до
- Корпоративни - деловни истраги
Се дел од нашите услуги со цел да ги задоволиме вашите барања и финансиски можности, независно од каква природа е случајот и неговата локација.