ДИСКРЕТНО НАБЉУДУВАЊЕ НА ЛИЦА И ОБЈЕКТИ

Набљудување на лица и објекти е еден од најчестите и најсложените детективски услуги.
Дискретно набљудувања на лица и објекти се дефинира како тајно следење и посматрање  на лица,возила   и објекти,се со цел прибирање на сознанија  и докази во врска со определени активности,идентитети на лица и остварени средби,а кои се предходно дефинирани од нарачателот на следењето.

Дисретното набљудување може да се подели на;

-Набљудување на лица
-Набљудување на објект
-Набљудување на возила

Со овој метод,се откриваат,разјаснуваат и утврдуваат факти,состојби и докази за нарачателот на детективската услуга.Најчесто се бара собирање на податоци и информации за разрешување на лични и семејни проблеми како што се неверство,сомнително однесување на деца или други членови на семејството и персонално проучување заради перспективно реализирање на лични или деловни врски,окривање на идентитет на лице негово престојувалиште и живеалиште,успешноста  и деловноста на правни лица и односот кон заштита на деловната тајна,за кој нарачателот бара дискретно проучување и документирање на биогравски податоци на кандидатите  за работа или деловна соработка.

Постојат неколку елементи кои треба да се исполнат за да може набљудувањето да биде успешно.Најважно е употребата на искусни и квалификувани оперативци со потребните вештини за да може да ги надминат различните проблеми кои можат да произлезат во текот на спроведувањето на овие активности.
Детективска агенција ДЕА ДЕТЕКТИВ има на располагање квалификуван кадар со долгогодишно искуство во дискретни набљудување и следење.