Детективска агенција ДЕА ДЕТЕКТИВ ги нуди следните детективски услуги.

ДЕТЕКТИВСКА ИСТРАГА

Докази кои се во врска во постапка пред суд, државни органи и други институции кои вршат јавни овластувања
Дискретно набљудувањe на лица и објекти 

Утврдување на вистинитоста во различни ситуации  во  интерес на странката:Брачно неверство; Превенција од малолетничка деликвенција; Пред брачна проверка

Утврдување на идентитет на лице негово живеалиште и престојувалиште;
Пронаоѓање на исчезнати и сокриени лица  

Проанаѓање на изгубени и украдени предмети, документи, накити, уметнички дела

КОРПОРАТИВНА И ДЕЛОВНА ИСТРАГА

Корпоративната безбедност во смисла на сеопфатна заштита на деловните субјекти, е комплексна задача и предизвик за професионални агенции кои ќе ви помогнат ризиците да се сведени на минимум. Заштита на деловните субјекти од потенцијална закана од страна на непријателско и злонамерно работење, денес е еден од приоритетите во работата на секоја компанија.

Успешно и ефикасно организиран систем на корпоративно заштита го штити деловниот субјект од ризик, претставува основа за донесување на важни деловни одлуки, гарантира успешна проверка на постојните или потенцијалните деловни партнери,  и го спречува протокот на доверливи информации.

 Детективска агенција ДЕА ги нуди следниве корпоративни услуги:
Секоја фирма, здружение, финансиска или осигурителна компанија, има потреба од одредена информација, било да е тоа истражување на вработени, членови, партнери, кандидати или други поврзани лица, за кои треба да се знае финансиска и имотна состојба , место на живеење, претходни работни места, едукацијата, граѓански и кривични дела, итн.

Проверка на бонитетот на фирми, нивни сопственици, позната во светот по изразот Due diligence

Односот на работниците спрема заштита на деловната тајна

Истражување на осигурителна измама. Измами со барања надомест на матерјална штета

Проверка на биографија (CV) на лице. Веродостојност на податоци од биографијата на кандидатот

Проверка на злоупотреба со платени боледувања