КОРПОРАТИВНИ И ДЕЛОВНИ ИСТРАГИ
Корпоративната безбедност во смисла на сеопфатна заштита на деловните субјекти, е комплексна задача и предизвик за професионални агенции кои ќе ви помогнат ризиците да се сведени на минимум. Заштита на деловните субјекти од потенцијална закана од страна на непријателско и злонамерно работење, денес е еден од приоритетите во работата на секоја компанија.
Успешно и ефикасно организиран систем на корпоративно заштита го штити деловниот субјект од ризик, претставува основа за донесување на важни деловни одлуки, гарантира успешна проверка на постојните или потенцијалните деловни партнери, и го спречува протокот на доверливи информации.
Секоја фирма, здружение, финансиска или осигурителна компанија, има потреба од одредена информација, било да е тоа истражување на вработени, членови, партнери, кандидати или други поврзани лица, за кои треба да се знае финансиска и имотна состојба , место на живеење, претходни работни места, едукацијата, граѓански и кривични дела, итн.