Склучување договор за детективски услуги

Приватниот детектив кој поседува лиценца и легитимација дејноста ја врши по барање и со посебно овластување-полномошно од нарачателот на детективска услуга.
Според Законот за детективска дејност, за да може приватниот детектив да започне процес на собирање на податоци и информации за нарачателот на детективската услуга, според законот треба предходно да се склучи писмен договор помеѓу нарачателот на детекивската услуга и детективската агенција како давател на услугата и посебно писмено овластување од страна на странката. Содржината на писмениот договор мора да ги содржи сите важни елементи: спецификација на видот на услугата (што се бара и што се нуди), меѓусебните обврски, рок на извршување и висината на трошоците, како и други поединости неопходни за конретниот случај. Содржината на овластувањето ги содржи податоците за нарачателот на детективската услуга, податоци за давателот на услугата и бројот на договорот. Тоа значи дека договорот и полномошното преставуваат услови кои мора кумулативно да се исполнат. Документацијата (договорот) се изготвува во два примерока, еден за нарачателот на детективската услуга, другиот примерок за давателот на детективска услуга, а овластувањето се изготвува во еден примерок кој се чува кај детективот. Детективот не смее да склучува договор за извршување на работи кои не се дозволени со Законот за детективска дејност и со кој би се загрозиле човековите права и слободи на други лица.
Пред да се склучи договорот, најбитно е детективот да процени дали постојат објективни можности за реализација на нарачката и дали услугата што се бара не е противзаконска и се судира со моралните норми. Во ниту еден случај не смее брзоплето и лесно да се прима нарачката за одредена услуга спред системот "Нема проблем". При тоа, на нарачателот мора да му се предочат сите потенцијални и реални проблеми кои се составен дел на професијата приватен детектив, како и да му се укаже дека резултатот не може да му се гарантира, но дека во тој случај ќе се наплатат само оние трошоци што биле неопходни.
Овластените лица во законодавната, извршната и судската власт, како и органите на локалната самоуправа и правните лица со јавни овластувања имаат обврска во разумен рок да му достават податоци на приватниот детектив. Доколку овластеното лице одбие да даде податоци, мора да ги образложи причините за тоа. Единставно приватниот детектив собира податоци во име на странката (нарачателот на детективска услуга), па затоа има исто право на пристап до податоци кои ги има и странката со кои и детективот склучил договор за конкретниот случај.
Приватниот детектив има обврска да го известува нарачателот за текот на работата во врска со договорената услуга. По завршување на истрагата, сите собрани податоци се оформуваат во писмен извештај кој се предава на нарачателот на детективската услуга. Оние податоци кои не се документирани и небитни за договорената работа се уништуваат.