Препорачано

Поим за детектив и детективска дејност

  • Зборот детектив (lat.detegere, engl.Detective) означува службеник кој работи на откривање и разјаснување на кривични дела и сторители,може да ја извршува својата должност во рамките полицискиот состав или приватно ангажирање како приватен детектив.Приватниот детектив како што упатува самиот збор-својата работа ја врши приватно и на комерцијална основа.
  • Приватниот детектив е професионалец кој е ангажиран од страна на корпоoрации,адвокатски канцеларии,приватни лица,осигурителни компании и други субјекти се со цел прибирање на податоци но и обезбедување на доказен матерјал  кој на барателот на детективската услуга  ќе му обезбеди заштита на своите легитимни интереси и права пред надлежните институции.
  • Дејноста приватен детектив е специвична и подложна на многу предизвици и разновидни ризици.Покрај општите и формално законските услови за вршење на детективската дејност постојат неформални и непишани,но одлчувачки фактори за квалитетно и успешно извршување на работите-поседувања на мултидисциплинарни вештини и знаења,посебно од областа која работи ( изворедна информираност, широк круг на познаници и пријатели, добри лични и институционални врски, упатеност во практичното функцинирање на администрацијата, богат фонд на познавања од кривичното,управното право ,криминалистиката,криминологијата,психологијата и тн).Клучот на успешноста на приватниот детектив е во психичките предиспозиции и карактерот на неговата личност,може да се заклучи дека главни црти за успешно извршување на детективската дејност се: надпросечна интелигенција,моќ на импровизација,трпение,способност на аналитичко и логичко размислување како и за дарот на гледање на ситуацијата од различни агли.Приватниот детектив мора да има интегритет, морален и личен, кој го прави достоен за обврските што му се доверени. Мора да биде сигурен и одговорен така што клиентот вложува доверба дека истрагата ќе се изврши анонимно и дискретно.
    Приватниот детектив мора да поседува исклучителни интелектуални способности, ширина и ниво на образование што ќе му овозможи да се справи со сложеноста на секојдневните задачи.
    и над се потребно е да се има самодоверба, доверба во сопствените капацитети и компетенции, но и подготвеност за учење и усвојување на нови знаења и вештини, за да се изврши секој задача успешно.
    Снаодливост,прилагодливост, флексибилноста и креативноста во пристапот на разни ситуации кои можат да се соочат се нешто што се стекнува со искуство и желба за лично усовршување. Приватниот детектив мора да има вродени социјални вештини и способности за работа со луѓе, комуникативност, речливост, убедливост и слушање, се дела чиј ефект директно зависи од успешноста во контакт со луѓе.
  • Под поим приватна детективска дејност подразбира приватно ангажирање на одредени лица во склад со законските норми во кој е регулирана детективската дејност.Спектарот  на детективската дејности е мошне широк,а суштината ја сочинуваат собирање на податоци и информации за факти и околности во врска со лични,семејни имотни и други социални проблеми,се бараати услуги за пронаоѓање и утврдување на адреси на престојувалиште и живеалиште,исчезнати или сокриени лица,украдени и изгубени предмети, собирање на информации и документирање на информации за имотно-правно односи,наследство,собирање на информации во врска со успешноста и деловноста на трговските друштва,претприемачи,бизнисмени и други правни лица,собирање на информации за кандидати за вработувања, проверка на лица,собирање на сознанија  за кривични дела и нивни сторители кои се гонат по приватна тужба и тн.
  • Под детективска дејност  се подразбира собирање на податоци и информации, нивна обработка, како и посредување со нив на начин утврден со Законот за детективска дејност и Законот за трговски друштва.
  • Детективска дејност во Македонија.
  • Детективската дејност може да ја врши само детектив со лиценца за вршење на детективска дејност која ја издава  Министерството за внатрешни работи на лице кое покрај општите услови за засновање на работен однос определени со Законот за работните односи  ги исполнува и следниве услови:
  • 1) да е државјанин на Република Македонија;
  • 2) да има живеалиште во Република Македонија;
  • 3) со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на професија, дејност или должност додека трае таквата мерка;
  • 4) да има завршено високо образование;
  • 5) да ужива углед за вршење на детективска дејност, односно со својот досегашен начин на живот, однесување и работа да гарантира дека совесно и чесно ќе ја врши детективската дејност,,
  • 6) во последните две години пред да добие лиценца за работа да не извршувал работи и задачи во областа на безбедноста и одбраната во органите на државната управа како: овластено службено лице или на посебни работни места согласно со прописите од областа на внатрешните работи, работни места на определени должности согласно со прописи е од областа на разузнавањето или работните места од член 123 од Законот за одбрана и
  • 7) да има положено стручен испит за вршење на детективска дејност
  • Кои се правата и должностите на детективот?
  • Детективските услуги се вршат само врз основа на договор склучен во писмена форма меѓу детективот и нарачувачот на детективските услуги и посебно писмено овластување од странката заверено кај нотар.
  • Детективот може да собира податоци и информации:
  • – за обезбедување на доказни материјали во врска со кривични дела или сторители на кривични дела;
  • – за лица кои се исчезнати или сокриени, за пишувачи на анонимни писма или за причинители на материјална штета;
  • – за откривање на идентитет на лице и негово живеалиште, односно престојувалиште;
  • – за украдени или изгубени предмети;
  • – за докази кои се во врска со заштита или утврдување на вистинитоста во постапка пред суд, друг државен орган, институција што врши јавни овластувања или правно лице кое одлучува за одделни права на странката;
  • – за односот на работниците спрема заштитата на деловната тајна и
  • – за успешноста и деловноста на правни лица.

    Податоците,информациите и сознанијата до кои детективот дошол при вршењето на детективската дејност,може да ги користи само согласност склучениот договор и е должен да ги штити интересите на лицето на кое се однесува податоците и информациите.