Етички норми на приватниот детектив

Дејноста на приватниот детектив е специфична и подложена на многу предизвици и разновидни ризици.
Покрај општите законски услови за вршење на Детективската дејност,постојат и неформални и непишани ,но одлучувачки фактори за квалитетно и успешно извршување на работата.
Зборот етика доаѓа од грчкиот збор ethos,што значи обичај и навика.Принципот на детективска етика има важен елемент во финкционирањето на приватната детективска дејност.Во врска со детективската етика многу важен е односот на приватниот детектив спрема странката како и спрема другите детективи кој треба да биде изграден на доверба како и на одговорно и коректно постапување.
Професионалната етика или дентологија на приватниот детектив,исто така се засновува на принципите и нормите кои ги определуваат членовите во било кој занает или фела( лекари,правници,адвокати,новинари ,полицајци).
Етичките кодекси најчесто немаат сила на санкции како законските,туку само укажуваат на потребата од совесно однесување како професионалец во струката.
Професионалниот кодекс  кој се пропишува и донесува  во рамките на Асоцијацијата на приватни детективи,ги содржи основните вредности и принципи на дејноста детектив.Тие основни вредности се

Принцип на професионалност во вршење на дејноста,што подразбира извршување на работите на високо стручно ниво ,но истовремено еднаков третман на странките,со што се запазува принципот на еднаквост.

Принцип на должност се однесува на обврските при извршување на работите во согласност со сопствената совест и чуство за должност.Овој принцип бара одговорно вршење на работите и исполнување на обврските.

Покрај овие два основни принципи,за детективската дејност мошне битни се и принципите на совесност, чувањето на тајни, коректност, ефикасност, принципот на взаемна доверба и соработка,уредност и навременост во извршување на работите во интерес на странката.Овие принципи објективно преставуваат обединување на моралните и правни вредности и норми иградње на углед,престиж и пример за останатите во рамките на фелата
Во вршење на дејноста приватниот детектив мора да води грижа за правото на секое лице во поглед на заштита на достоинството,угледот,честа и приватноста ( личниот и семеен живот,моралниот интегритет,приватни фотографии и разговори).Приватниот детектив мора да води посебна сметка и за естетиката( облекување,однесување,разговор,жаргон) односно да го има предвид сите елементи на убавото и пријатното.